„Манастирскиот комплекс бил на повеќепати разрушуван. Во македонската култура се користи терминот „Сардисување“ и тоа е опеано во песната „Сардисале Лешочкиот манастир“. Прво сардисување Во 1710 година, турски јаничари го нападнале манастирот. Тогаш монасите целосно се разбегале и манастирот останал напуштен. Манастирот останал празен сè додека не дошол Кирил Пејчиновиќ и го возобновил во периодот 1817/18 година. Тогаш бил доградуван и монашкиот живот повторно заживеал.[8] Второ сардисување Манастирот бил сардисан од жителите со албанско етничко потекло од соседното село Слатина и од другите долнополошки села во август 1905 година. Причина било убиството на двајца слатинчани во Слатинското Поле, ноќта пред празникот Св. Богородица, од група комити за кои се мислело дека се наоѓаат во Манастирот. Благодарение на големата присебност и на мудроста на тогашниот игумен јеремонах Еротеј во тие критични моменти, сардисувањето не завршило со трагични последици за Манастирот и за присутните илјадници гости.” Со забележаните биографски податоци и со сеќавањата на комитата Филип Трифунов-Лулков од село Вруток, учесник во четата што ги убила двајцата слатинчани, дефинитивно се расветлува случајот со сардисувањето на Манастирот за кој има неколку верзии, меѓутоа за најверодостојна се смета таа на војводата. Трето сардисување Манастирот по вторпат бил разрушен за време на воениот конфликт во тетовско на 21 август 2001 година. Уништувањето на манастирот предизвика широка реакција во Македонија и светот. Чинот на рушење бил споредуван со настаните од Авганистан, кога Талибанците ги уништувале будистичките храмови во земјата.[9] Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата била разрушена до темел, со минирање. Останал само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот исто така останале. На јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини. Од експлозијата сè било уништено, освен неколку фрески на светители. Исто така, оштетени биле и манастирските конаци, изградени во XIX век од јеромонахот Езекил. Конаците претходно било неколкупати поправани и санирани, а целосна санација била извршена во периодот од 1993 до 1996 година. Како резултат на експлозијата, биле настанати значителни оштетувања на кровната конструкција и на фасадата. Поголеми оштетувања имало на прозорците: искршени биле стаклата и руинирани цели прозорци. Просториите во приземјето и на катот од конаците биле значително оштетени, особено градежната столарија. Било извршено ограбување на сите вредни работи од конаците, меѓу кои и предмети од историска вредност. Капелата во чест на светите Кирил и Методиј, во манастирскиот конак, била обиена и имала оштетувања од детонацијата, на малтерот на плафонот. Полиелејот бил искршен и неупотреблив. Четири престолни икони биле оштетени, а украдени биле и Светите Садови од Светата Трпеза. Во кругот на манастирскиот двор бил оштетен и гробот на архимадритот Силвестер и гробот на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Не била поштедена ниту новата летна трпезарија, која била обиена и покрадена. Иако разурнат, манастирот сепак на 28 август 2001, бил посетен и во него прославен празникот на Успението на Пресвета Богородица, но не со зурли и тапани, туку со солзи. Некои од посетителите ги завиткувале парчињата скршени црковни камења во крпи и ги земале со себе деловите од она што некогаш било фасада или фреска од свет храм, другите ги бакнувале урнатините клекнати на колена, трети ги бришеле солзите од жал и јад.
Sve u ovom filmu je veličanstveno, neponovljivo, prelijepo, čudesno, emotivno, poetično. Otkriva naše duše, našu bit, mržnju , ljubav, zarobljenost u predrasudama, nevinost, naivnost i čistoću mladosti, sudar svjetova. Sve začinjeno očaravajućom glazbom duboke duhovnosti. Čista umjetnost, očaran sam.
Лерин(Φλώρινα) 1926 г. - възвание към "македонския гръцки народ" и забрана на българския език ru-vid.com/video/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-aK-YxhTt0HM.html Една гръцка провинция се казва Македония, но едва от 1988 г.