Тёмный

Виолета Бајдевска и Асије Зекири добитнички на наградата најхумани медицински сестри од Куманово 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 189
50% 1

Виолета Бајдевска медицинска сестра во службата за Итна помош и Асије Зекири акушерка во Патронажната служба, двете вработени во Здравствен дом Куманово, се добитнички на наградите за најхумани медицински сестри од Куманово, од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.
Наградите им се доделени на свечена академија во Скопје, на која присуствуваа голем број здравствени работници од државата, по повод одбележувањето на 12 Мај - Меѓународен ден на медицинските сестри.
„Верувам дека ова е потврда за континуитетот и квалитетот на извршената работа.Не направија горди колешките кои не предложија и токму на нас ни ја доделија наградата. Ова е потстрек да влијаеме на нашите помлади колешки, да им ги пренесеме нашите искуства, да им дадеме поттик за понатамошна работа, да ги препознаат квалитетите на нашата фела“, истакна дипломирана медицинска сестра Виолета Бајдевска, вработена во службата за Итна помош Куманово, при Здравствен дом Куманово.
Акушерката Зекири вели дека ја има најубавата служба, бидејќи работи со здрави бебиња, новороденчиња и нови мајки.
„Помагам на мајките да се снајдат, во првите денови. Работиме на терен, ги посетуваме во нивните домови, им помагаме. Имам искуство и при породувања, сум работела во селските средини на Општина Липково, имавме случаи на породувања дома, во возило“, раскажа Зекири.
И двете, оваа не им е прва награда, бидејќи Зекири ја добила истата награда и 2001 година, а Бајдевска 2003 година. Велат дека наградите ги мотивираат за понатамошно докажување во работата, и нивното искуство да го пренесат на помладите колешки. Тие им укажуваат дека мора да се почитува пациентот, да се има одговорност и да се внимава на однесувањето и облекувањето на работното место.
„Уште Флоренс Најтингејл ги поставила критериумите како треба да изгледа и да се однесува една медицинска сестра, тоа ни е оставено во аманет“, објасни Бајдевска.
Во Здравствен дом во Куманово, во чиј состав работата Итната медицинска помош, Оддел за вакцинација, Ноќна стоматолошка амбуланта, Патронажна служба, Домашна посета, Биохемиска лабораторија, Школски и детски диспанезер, вработени се 75 медициндки сестри, акушерки и техничари.
Претседателката на Здружението медицински сестри, техничари и акушерки, Велка Лукиќ, при доделувањето на наградите, нагласи дека медицинските сестри се темелот на здравствените системи, а во својот говор се фокусираше на предизвиците со кои се соочуваат - недостигот на овој кадар поради одливот од земјава и, од таа причина, и преоптовареноста на оние што останале да работат во нашите здравствени установи.

Развлечения

Опубликовано:

 

13 май 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
БАССЕЙНЫ ПО ЦВЕТАМ ЧЕЛЛЕНДЖ !
38:20
Da smo profućkali donacije bilo bi nas stid naroda
18:46
Отнимают ребенка ч.4
0:55
Просмотров 4,3 млн
Good job hero. #shorts #fyp
0:20
Просмотров 24 млн