Мала поправка. Душите ги зема Св. Архангел Гаврил. Тој се сретнува понекаде и како "Ангел на смртта", исто така и како Господов Гласник или Летен Архангел (Аранѓел), Него го славевме на Благовештание затоа што тогаш и соопшти на Пресветата Дева Марија дека ќе роди машко дете и дека ќе се вика Исус. Исто му се има јавено на Захарија и му го има проречено тоест соопштено раѓањето на Св. Јован Крстител а неговите чуда и појавувања ги славевме на 26 Јули. Исто така е еден од Серафимите или просто кажано еден од главните Ангели што се наоѓаат тоест се најблиску до Божјиот престол. Неговото Име значи Божја Сила. Исто време на Второто Христово Доаѓање Архангел Гаврил ќе биде тој ангел што ќе свири на трубата, за да изјави и соопшти дека во истиот момент ќе се отвори Божјото Царство и дека Исус Христос се враќа за да си го спаси својот народ, односно неговите деца. Архангел Михаил е војсководец на Господовата Војска која се бори против силите на мрачната или темната страна (поточно против сатаната и неговите поданици, паднатите ангели наречени Демони). Со поччит и љубов до сите, -Македонски Лав