Тёмный
No video :(

Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите? 

Goce Media
Подписаться 227
Просмотров 10 тыс.
50% 1

Македонското новинарство живее години на сериозни предизвици, кои се закануваат да го внесат во длабока криза (која веќе и го има зафатено). Огромно влијание на политиката во новинарството, медиуми кои зависат од државни или општински пари и се претворени во мегафони на градоначалниците, министрите, јавните претпријатија, слабо платени и вреднувани новинари, и соодветно на тоа мал интерес од младите да влезат во новинарските води.
Во таква ситуација, светлите точки на македонското новинарство ги прават истражувачките стории кои се објавени во последните неколку години, и кои на јавноста и понудија информации за сериозни прекршувања на закони, за криминал, корупција...
Еден момент од целата оваа приказна за истражувачкото новинарство во Македонија и токму за овие стории кои предизвикаа голем интерес во јавноста, е дека значителен дел од нив се дело на жени. Ова беше доволен повод goce.mk да направи серијал во кој преку видео приказни ќе ги претстави новинарките кои оставија белег во македонското новинарство и кои и понатаму истражуваат, им даваат на граѓаните информации кои треба да им помогнат да донесуваат одлуки кои ќе бидат во нивен интерес.

Опубликовано:

 

5 сен 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 12   
@gmsk9071
@gmsk9071 Месяц назад
Браво и продолжи така,храбра жена,и многу срека .
@rekanaoh
@rekanaoh Месяц назад
Таткои бил механичар, таа имала безгрижно детство а родена е во 1984 година. Драга Сашка тоа е периодот кога одредени професии најмногу профитираа на сметка на државниот сектор. Тоа е периодот кога механизацијата пропаѓаше од арамилокот на вработените. Следно како истражувачки новинар би било добро да знаеш дека од 1984 година до 1989 година од тогашниот динар се симнати дури 7 нули. Значи кризата нее откако ти си станала свесна за состојбите и транзицијата која се случувала. Сепак најголеми жртви во транзицијата беа луѓето без занаети и со помала едуцираност. А ти според твоето признание си имала безгрижно дество. Во виорот на војната во СФРЈ еден од центрите на украдените автомобили по Хрватска, Босна па и Србија беше Скопје - Македонија. Па така позната е аферата со ТАСовите голвови. Механичар можел да обезбеди безгрижност за својата фамилија само преку овие активности кој се случуваа преку власта до која ти постојано си блиска. Со воведувањето на ДДВ, влезот на големите дистрибутери на автомобили колку толку има ред. Но не на ниво кое би било посакувано. Од твоите стории досега не видовме ништо ептен скандалозно или непознато. Патем обележување на членови на фамилии поради криминализацијата на член од семејството е исто како јас сега да тврдам дека сите механичари се офајдиле па и твојот татко од криминалот со возила и автомобилски делови. Иначе вистина е тоа дека денес постојат мултимилјонери со други бизниси а се по професија механичари и биле дел од криминалот со крадени возила и шверцот со автоделови. Резима на видеово за мене и мој коментар е дека си нашла надворешен фактор на финансирање па терате работа како во случајот со еден бизнисмен кој е доведен до раб на самоубиство.
@ivankjokjorovski1099
@ivankjokjorovski1099 Месяц назад
Pa sto ne stanes mehanicar
@rekanaoh
@rekanaoh Месяц назад
@@ivankjokjorovski1099 Глупости и аминување на еден навистина огромен криминал. Секоја државна компанија имаше сопствена механизација. Целата е обезвреднета и опљачкана. Повеќе од 10 000 возила украдени од завојуваните региони завршија на македонскиот пазар. Годишно во периодот кога растела милјони марки се слеваа од криминалот со автоделови и крадени возила. Целото интервју укажува на се само не на откривање и сузбивање на криминалот во државата.
@Saucystass
@Saucystass Месяц назад
Bravo za Sashka I celiot tim❤
@sazdojordanov9135
@sazdojordanov9135 Месяц назад
Ако си имала безгрижно детство во 80-тите не значи дека тогаш било добро, не беше воопшто добро и од тогаш всушност и започна процесот на пљачка на државната (општествената) "сечија и ничија" сопственост од страна на црвената буржоазија која се трансформира во бизнис елита.
@MarjanMicevski
@MarjanMicevski Месяц назад
Колку ќе истраете? Сашка Цветковска, ти си гордост македонска. Ако условите дозволат, за тебе ќе се говори и пишува во годините што следат.
@vlatkogorgioski125
@vlatkogorgioski125 Месяц назад
Ooo nova vlast nova ucena jako jako
@mfilip6866
@mfilip6866 Месяц назад
Pridones ili efekt od vasite israzuvanja NULA
@natatotelefonot4998
@natatotelefonot4998 Месяц назад
Ќе имаш храброст да испиташ како е стекнато богатството на А. Милошоски, В. Ѓорчев, И. Димовски, можеби Мијалков, или забарката, стоматолог Дафина Стојановска, а ја ќе ти дадам имиња на "лекари" кои живеат како Бил Гејтс, со плата која ја трошат во еден ден!
Далее
ŠOK! Ovo je hrana koja se nudi turistima na Jadranu!!
27:22
Dnevnik u 19 /Beograd/ 6.9.2024.
34:03
Просмотров 10 тыс.