Зборуваме за кавгите меѓу мажот и жената, кој се кара повеќе? На ова прашање нашата гостинка Сања Васовиќ, семеен советник, одговори многу конкретно дека сите сме ненормални и мажите и жените, а на тоа се согласија сите нејзини соговорници. Па така искрено си започна пријатен разговор и гостите причично лесно се отворија на оваа тема. Катерина Шехтанска иако е актерка по професија таа ни призна дека не знае да биде љубезна или народски кажано да се „лигави“, дека е пис на уста и оти затоа смета дека на многу луѓе не им е омилена. Ние не знаеме кои се тие луѓе бидејќи нас вакви искрени ликови баш ни се омилени. Гости во емисијата ни се и пејачот Бени Шаќири кој призна дека во домашните кавги е најгласен, а актерот Александар Михајловски на прашањето што совет кога се оженил, му дал татко му Тони Михајловски
одговори: Ми рече епа ај синко со лесно...
12 ноя 2022