Тёмный

Крмов: Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички наместо државнички 

Левица Политичка Партија
Подписаться 9 тыс.
Просмотров 2,1 тыс.
50% 1

- Говорот на Пратеникот Борислав Крмов, по однос на интерпелацијата поднесена од #Левица за дивеењето на собранискиот спикер Африм Гаши:
„Мене ми е многу интересно како секогаш кога политичките претставници на албанското малцинство се повикани да НЕ ги кршат Уставот и законите, малтене секојдневно, тоа се толкува како национализам или албанофобија?! - Небаре, нивно етничко право е да ги кршат Уставот и законите секогаш кога ќе посакаат!
Гаши го пратил шефот на неговото обезбедување да ја „смирува“ ситуацијата и додека бил таму (на аеродромот) се заканувал, туркал (според сведоци и иако не е влезено во извештајот на МВР) тој извадил и пиштол. Тој пробал да ја „смири“ ситуацијата со репетирање пиштол, кој го вперил во вработените!
Гаши треба веднаш да си поднесе оставка! Ако претседателката на Косово му е поблиска заради нејзината етничка припадност, не може човек што ја држи втората најбитна функција во државата, понекогаш и најбитна, да размислува етнички наместо државнички. - Гаши не е племенски поглавар!
Сакам да ја прокоментирам изјавата на премиерот за оваа одлично образложена интерпелација која ја нарече „незрела и глупава“. Интересно секогаш кога Левица го напаѓа ДПМНЕ наративот сакаат да го свртат кон СДСМ. Зошто? - Затоа што СДСМ е (не)пријателот, којшто тие добро го познаваат и сакаат пинг-понгот на власт овие 30 години да продолжи.
Сакам цел процес да го демистифицираме. Прво и основно, не се работи за прекршување на ниту едно право, особено не на пратениците Албанци! Тие го добиваат секој документ двојазично. Тука се работи за наметнување, насилно, неуставно и незаконско, на двојазични дописи на пратениците Македонци коишто не им требаат...“

Опубликовано:

 

15 сен 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 6   
@ljupcopetreski3603
@ljupcopetreski3603 12 дней назад
Не проблем Гаши, проблем се 500 000 вмрОВЦИ, кои го изгласаа мицко.
Далее
Makedonski Narodni Prikazni - Od Loso Ima i Poloso
22:55