Македонски народни приказни - Се вратила од умрените - 2010 Улогите ги толкуваат Марина Поп Панкова Александар Микиќ Шенка Колозова Кирил Андоновски Владо Дојчиноски Режија - Душко Ѓорѓиоски
Браво за приказната. Баба ми, ми ја раскажваше кога бев 15-16 годишна, со некои мали разлики. Пример тој не бил во тугина, туку таа од љубов се нему му давала повеќе и поубаво јадење, и кога заслабнала и му огрдела, ја турнал од мостот в река да се удави. А на крајот не му кажала туку кога ќе јаделе таа се поубаво и повеќе си ставала за себе за јадење а нему помалку од се. И тој и рекол еден ден -"Невесто навистина во ликот многу личиш на мојата прва жена, ама во табиетот не, таа се поубаво и повеќе ми даваше мене а ти обратно". Таа тогаш му одговорила - "Поарно под носот, отколку под мостот" Сакав само да споделам како сум ја слушала. А вашава верзија повеќе ми се допадна а и на крајот убаво го средивте и со парите и устата ќе му е затворена за цел живот - кабаетлија