Тёмный
No video :(

Над 400 автомобили учествуваа на првиот автособир на Аџитепе 

Kumanovo News
Подписаться 289
Просмотров 730
50% 1

На спортскиот аеродром Аџитепе денеска се одржа првиот автособир на кој учествуваа над 400 автомобили. Манифестацијата ја организираа клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово, на задоволство на многубројната публика и учесниците.
„Дојдени се учесници од Гевгелија, Демир Капија, Прилеп, Битола, Свети Николе, Тетово, Скопје, Куманово, од речиси сите градови во Македонија. Од Србија тука се Врање, Лесковац, Ниш. И одѕивот на публиката е огромен, презадоволни сме , но ќе сумираме во наредните денови кога ќе слегнат впечатоците“, истакна Борис Стефановски, еден од организаторите.
Целокупната организација е завршена за два месеци, но обично за вакви настани потребни се и по една година. Планот е да прерасне во фестивал, инспирација им се Мото клубот Мечки, но и настани од ваков тип во светски рамки. Амбициозно, веќе се кројат плановите за наредната година, проектираниот датум е 1 јуни, со многу повеќе изведувачи, настапи во живо, пејачи.
Во натпреварувачкиот дел има 17 категории на оценување, а четиринаесет од нив се бодуваат со прво, второ и трето место. Победниците ќе добијат пехари, на пример за фабрички автомобили, олдтајмери, сочувани возила, озвучување, екстремно модифицирано, најниско возило и слично. Има и забавни игри, како на пример лимбо - проаѓање на најнизок автомобил под поставена пречка.
Финансиска поддршка добиле од приватни фирми, а од Општина Куманово имале помош во техничкиот дел, косење на тревата и средување на просторот на Аџитепе. Настанот е уредно пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово, обезбедени се сите дозволи, процедурата е запазена. Полицијата пружила обезбедување и регулирање на сообраќајот на приодот кон аеродромот.
Еден од учесниците беше и младиот, 19- годишен Јован Стојчевски од Куманово, кој на полигонот дојде со своето БМВ од 1999 година.
„Автомобилот е постар од мене, јас сум роден 2005 година. Се на него е фабрички, стандардна машина, има само монтирано спортски внес и на предните тркала се ставени поголеми бандажи. Учествував во дрифтањето, ама мислам дека тоа не е натпревар. Треба многу да се средува, естетски не е во топ форма, требаат доста средства да се вложат за се да изгледа како што треба“, изјави Јован.
Тој потенцира дека ваквите манифестации се место каде љубителите на автомобилизмот треба да се опробаат во некои вештини на полигоните а не улиците во градот. Досега учествувал на 3-4 мото собири со моторцикл, а сега за прв пат со автомобил, но не како натпреварувач туку само ревијално. Вљубеник е во авто-мото настаните и спортот.

Опубликовано:

 

6 сен 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
HYDRAULIC PRESS AGAINST BMW CONNECTING RODS
8:02
Просмотров 1,4 млн
Linkin Park: FROM ZERO (Livestream)
1:21:01
Просмотров 5 млн