Тёмный

Повеќе од еден век се ковале алтуни и акчиња во царската монетоковачницата во Кратово 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 289
50% 1

Оваа сребрена паричка е една од 20-те монети кои се дел од колекцијата на Музејот на Град Кратово и кои сведочат за некогашниот значаен економски и трговски центар на Балканот, познат по богатите рудни наоѓалишта и султанскиот хас што служел на Портата во Истанбул.
Како еден од настарите балкански градови, изграден на изгаснат вулкански кратер, кој воодушевува со средновековните камени кули и мостови, во себе крие бројни мистерии што чекаат посетителот да ги открие, многу приказни од се уште недоистражената историја и култура. Меѓу нив е и прочуената царската монетоковачница во Кратово, која заедно со монетоковачниците во Скопје и Охрид, повеќе од век и половина ковала пари што се користеле во фискалниот и монетарен систем на целата Османлиска Империја. Овде се ковале најквалитетните и најбарани монети, затоа што имале постојан квалитет на металот и постојана тежина.
„За време на Османлиското владеење, во кратовската монетоковачница се ковале три вида пари: златни лири и алтуни , сребрени парички познати како акчи или аспри и бакарни парички кои ги нарекувале мангрки. Но, најмногу се ковале сребрени монети, кои имале и најмногу серии. За да биде отворена монетоковачницата требало да се има дозвола од султанот , а оттаму биле добивани и готови калапи. Ковницата била примитивна, а од повеќето професии најважен бил туграџијата, кој го имал печатот или чеканот со кој се удирале аверсеите и реверсите, односно калупот за втиснување на предната и задната страна на монетите“, објаснува Драган Ѓеоргиевски, директор на Музејот на град Кратово.

Развлечения

Опубликовано:

 

30 мар 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 1   
@user-ij4su9ms2h
@user-ij4su9ms2h 3 месяца назад
Кратово, најубав и најстар град на Балканот, поздрав од кочани
Далее
Ranking The Most Painful Crashes
00:19
Просмотров 3,2 млн
Локвица
29:03
Просмотров 10 тыс.
Село Вранештица- прв дел
35:04
Просмотров 11 тыс.
Мое село - Старо Нагоричане
14:56