Тёмный

Подкаст со Душица Јакимовска, одделенски наставник 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 281
50% 1

Учителот треба да создаде личност која знае да размислува, вели Јакимовска
„Ние учителите треба да создадеме личност која ќе знае да размислува, да донесува сопствени заклучоци, да анализира и да синтетизира. Знаењето не треба да биде само учење на факти и на дефиниции, кои нема да му требаат во животот. Ученикот треба знаењето да го применува во пракса, на тоа треба да бидеме насочени, а не на учење на 30 текста во едно полугодие“, вели Душица Јакимовска, одделенски наставник во подрачното училиште на „Кирил и Методиј“ во Агино село, во подкастот на Кумановоњуз.
Таа смета дека учителството е занает на пренесување на знаење на учениците, бидејќи некој може да заврши факултет со просек 10, да има прочитано многу книги, да имаш набилдано неверојатно знаење ама да не знае да го пренесе на друг.
Нашата амбициозна и многу почитувана учителка, вели дека начинот на пренесувањето на знаењето е тоа што ги дели учителите на добри и лоши, а заедничко на сите им е дека оваа благородна, но одговорна професија бара постојана едукација и следење на современта технологија за да се биде во чекор со времето.
Јакимовска тврди дека учителот кој си ја сака професијата не можеш да биде неправеден кон децата, кои ги чува по 6-7 часа во денот или 24 часа на екскурзија. Затоа апелира до родителите да имаат поголема почит кон наставниците, да собработуваат и да ги подржуваат во нивните одлуки, бидејќи само здружено можат да ги изведат на вистинскиот пат.
Јакимовска целата кариера ја градела во селска средина, и горда е на тоа. Но, разочарана е што реформите во образованието не ги дадоа очекуваните резултати, и смета дека грешката е во тоа што се правеа непотребни експерименти со секоја смена на власта.
„Македонија излезе од систем на образование кое беше унифицирано и со многу квалитетна програма. Постарите генерации кои го поминале југословенскиот систем знаат колку квалитетни професори работеа во училиштата и колку внимание се посветуваше да се изведат силни генерации. Во мое време кога ученици ќе отидеа во странство, како Франција, Америка, Германија, прескокуваа по една до две генерации, откако ќе видеа од каков систем на трајни вредности доаѓаат. Основното образование беше цврст темел во тоа време. Сега тој темел почнува да се ниша, дали не ставаме доволно железо или камења, или бетонот ни е од втора класа, но има пукнатини. Затоа што секоја генерација има нов министер, кој мисли дека знае се, прави по свое и воведува нова програма. Кога ќе се смени владата и министерот веднаш започнува со нови реформи во образованието. Не сме го “зовреле“ ни предходното, но веднаш се менува програмата, без да се сочека да се видат резултатите и да се направи длабинска анализа. Не може во една програма се да биде лошо, требаше да се менуваат само сегменти, а не да се прават експерименти“, вели Душица.
Таа е дете на просветни работници, па ги знае предностите и маните на оваа благордна, но и одговорна професија. Особено е горда што е дел од оснивачкиот тим на Здружение на одделенски наставници ЗОН „Учител“, формирано пред три години.

Развлечения

Опубликовано:

 

28 мар 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
7 Foods to Avoid
11:50
Просмотров 326 тыс.