Тёмный

Подрачното училиште во „Иго Тричковиќ“ едно од најзапуштените во градот 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 375
50% 1

Подрачното основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“ во Куманово се наоѓа во очајна состојба поради негрижа на инстиуциите.
Учениците и наставниците немаат здрава и соодветна околина во која секојдневно престојуваат по неколку часа во денот и во која треба достоинствено да ги извршуваат училишните обврски.
„Поради тоа што не се расчистени имотно-правните односи и не е направена експропријација на земјиштето, учениците секојдневно газат кал и се гушат во прав. Во училишниот двор е многу небезбедно за движење, игра и престој на учениците. Има куп бекатон кој така оставен стои со години, а од истиот си зема кој како сака и колку сака“, стои во барањето на Советот на родители на училиштето кое било доставено и до градоначалникот и до Советот на Општина Куманово уште во декември минатата година, но за кое не добиле никаков повратен одговор.
Родителите се жалат дека во зимно време кога учениците се втора смена и порано се стемнува, пред училиштето е тотален мрак и тие мора да доаѓаат по нив и да светат со телефони, бидејќи нема никакво осветлување во дворот.
Исто така тие бараат изградба на настрешница која порано ја имало, но била толку распадната и стара што минатата година ја урнално невреме, а за среќа во тој момент надвор немало ученици.
На местото каде што е исечена металната конструкција каде што била поставена штрчи од патеката и секојдневно се сопнуваат учениците, а истата е и многу остра и необезбедена па може и да се повредат.
Има поплочен многу тесен дел кој што е до самата училишна зграда, а се останато е земјиште, родителите бараат пристапна патека до училиштето со бекатон кој веќе го има како и ограда на училишниот двор.
Што се однесува до внатрешноста на училиштето родителите бараат и поставување на лавабоа во училишните тоалети.
„Во тоалетите постојат ниски корита од плочки кои не се за миење раце бидејќи се толку ниски што учениците кога мијат раце водата од високо поставените чешми плиска и алиштата им се прскаат со вода, тотално се нефункционални“, додаваат родителите.
Од училиштето велат дека тие немаат финансиски средства за да ја поправат училишната зграда, иако веќе поднеле барање до општината.
И родителите и учениците се надеваат дека општината ќе покаже заинтересираност за ова училиште и ќе обезбеди финансии за негово делумно реновирање. Поддршката и ангажманот кој што треба општината да го даде е неопходен за создавање здрава околина што ќе ги подобри можностите за учење и успех на сите ученици.

Развлечения

Опубликовано:

 

3 апр 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Младо Нагоричане
23:00
Просмотров 7 тыс.
Мое село - Горно Коњаре 1 дел
32:09
ЗУБОВЦЕ ПРВ ДЕЛ
26:22
Просмотров 1,7 тыс.