Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи. Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат премиерот како успешен. Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации со граѓаните. Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови и постови. Изборниот законик, Законот за антикорупција и Кодексот на Владата забрануваат политичко рекламирање надвор од законските уредени кампањи.
2023 © Investigative Reporting Lab
Читајте нè на: irl.mk
Следете нè на социјалните мрежи:
Фејсбук - / irlmacedonia
Твитер - / irlmacedonia
Инстаграм - / irlmacedonia
Јутуб - / irlmacedonia
#ИРЛ #ВидеоСторија
27 фев 2023