Тёмный

Фекалии течат покрај градинката „Бубамара“ - новите куќи покрај автопатот немаат канализација 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 323
50% 1

Новоизградените куќи од левата страна на автопатот на влезот на Куманово, на т.н. Говедарски пат, како и неколку куќи на улиците „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“ немаат канализациона мрежа, па фекалиите течат низ отворен канал течат покрај градинката „Бубамара“ и Центарот за лица со пореченост.
Ова претставува сериозна закана по здравјето на сите кои се во близина на оваа отворена зараза.
Жителите од овој дел на градот велат дека во зимските месеци и не е толку алармантно, мирисот од канализацијата не се чувствува толку силно. Но, со доаѓањето на пролетта, а особено лете, не можат да отворат прозорци, ниту да излезат во дворовите. Тие тврдат дека во неискосениот дел околу каналот има глувци или змии.
„Направија „серава“, никого не го интересира. Сто пати имам пишувано и до надлежните и до медиумите и на социјалните мрежи, никој не сака да мрдне со прст и да направи нешто за разрешување на ситуацијата“, вели Садик Адеми, жител од тој дел од градот.
Дел од жителите на улицата „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“ поднеле и писмено барање до Општина Куманово за решавање на овој проблем, а минатата недела не дозволиле да се асфалтира улицата додека не се изгради канализациската мрежа.
„Неколку пати имаме испраќано барање до Општината и добивме одговор дека во програмата за 2021 година е предвидена изработка на техничка документација за изградба на фекална канализација на овие две улици. Уште ништо не е направено, па минатата недела стопиравме асфалтирање на „Драги Шутевски“. Неразумно е првин да асфалтираат, па подоцна да раскопуваат, нека направат првин основни работи, канал немаат соседите. А имаат водоводна мрежа и редовно добиваат сметки, во кои плаќаат и за отпадни води“, истакнува Садик Адеми, жител на тој дел од градот.
Во програмата за изработка на техничка документација за фекална канализација на Општина Куманово е предвидено да се проектираат изведба на 588 метри, но истиот потег- улица „Петар Драпшин“ до градинка и дел од улица „Драги Шутевски“ во иста должина е предвиден и во програмата за експропријација на земјиште од страна на општината.
Тоа практично значи дека до правно разрешување на имотно- правни односи нема да се изведуваат никакви интервенции, па жителите и не можат да се надеваат на изградба на канализациска мрежа за брзо време.

Развлечения

Опубликовано:

 

17 мар 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Мое село - Раштак
17:24
Просмотров 5 тыс.
БАССЕЙНЫ ПО ЦВЕТАМ ЧЕЛЛЕНДЖ !
38:20
Beautiful gymnastics 😍☺️
00:15
Просмотров 14 млн
Мое село - Црешево
15:29
Просмотров 5 тыс.
Мое село - Зубовце 1 дел
22:57
Просмотров 1 тыс.
Мое село - Скачковце 1 дел
27:16
Просмотров 7 тыс.
Катланово
22:56
Просмотров 4,7 тыс.