Тёмный

Фонтаната „Батко Ѓорѓија“ е наполнета со вода и функционална 

Kumanovo News
Подписаться 297
Просмотров 166
50% 1

По пишувањето на Кумановоњуз, минатата недела пуштена е во употреба фонтаната „Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад во Куманово. Функционална е само таа фонтана, „Три бандери“ и најстарата, пред петокатницата се напуштени, неугледни и руинирани.
Надлежност да ги стави во функција, сервисира и одржува фонтаните во градот има Општината.
„Поправка на водоводни инсталации на фонтаната „Батко Ѓорѓија““, стои меѓу останатите Дефекти и интервенции на водоводната мрежа за 16 јули на официјалната страница на ЈП „Водовод“ Куманово.
Од одговорност за фонтаните се оградуваат и општинските служби, и претпријатијата во јавна сопственост. Според познавачите најмал проблем е санацијата на водоводната инсталација и полнењето на фонтаната, осветлувањето во неа е она што може да предизвика проблеми и несакани, животозгрижувачки случаи, па сите се оградуваат во случај на евентуални несреќни случаи.
Градските фонтани имаат доста дефекти на електричната инсталација, која може да предизвика проблем ако некој се капе во неа. Минатото лето кога ја пуштија фонтаната „Батко Ѓорѓија“, истиот ден деца влегоа во водата, а во текот на ноќта беше уништена целата инсталација.
Граѓаните реагираа дека сметка за нив треба „да поведат“ комуналните редари или полицијата, и конечно да санкционираат несовесни граѓани кои ги уништуваат белезите на градот.
До пред десетина години за одржување и функционирање на фонтаните била задолжена приватна фирма, избрана на тендер. Од тогаш никој не знае да прецизира кој треба да поведе постапка, да ги отстрани евентуалните недостатоци и дефекти, да ги исчисти и стави во функција украсните фонтани.
Не успеавме да добиеме одговор по чиј налог фонтаната е ставена во функција.

Опубликовано:

 

15 окт 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Incredible Moments Caught on Camera
30:40
Просмотров 4,4 млн
Atunci când Gheorghe Hagi a UMILIT Italia
9:19
Просмотров 354 тыс.
DA OSTANE ZAPISANO
5:23
Просмотров 66 тыс.
Oktet Kumanovo - Kumanovo vo srceto
3:32
Просмотров 25 тыс.
When Royal Guards Fight Back!
8:08
Просмотров 6 млн
ЗАБОРАВЕНИ СЕЛО ДУЊЕ
22:54
Просмотров 50 тыс.