Тёмный

„Креација - имагинација, имагинација - креација“ - модна ревија на учениците од „Перо Наков“ 

Kumanovo News
Подписаться 296
Просмотров 495
50% 1

„Креација - имагинација, имагинација - креација“ беше насловот на модната ревија која синоќа се одржа во Центарот за култура во Куманово, во организација на средното училиште „Перо Наков“ од Куманово.
На ревијата учествуваа ученици од дуалните паралелки во кожарско - текстилната струка, заедно со своите наставници, како и менторите во компаниите каде се изведува практична настава.
Моделите се дизајнирани од учениците, а изработени се во соработка со текстилните фирми, модни студија и искусни шивачи, каде што е реализиран и практичниот дел од наставата.
Ревијата беше составена од шест дела, посебно беа претставени моделите на учениците од втора, трета и четврта година, учениците кои следат настава на албански јазик, како и поранешни ученици, сегашни студенти на моден дизајн, кои своите модели веќе ги презентирале на модната недела во Скопје.
Како што објасни Анета Грујиќ, координатор за учење преку работа, праксата е процес кој трае веќе пет години. Секоја година се зголемува соработката со компаниите и веќе имаат склучено меморандуми за соработка со околу 100 фирми.
„Со денешната модна ревија учениците ја покажаа својата стручност и вештини, со помош на менторите од компаниите ги изработија моделите кои можеа да се видат низ самата ревија“, објасни Грујиќ.
Во реализација на проектот биле ангажирани ученици од насоките: техничар за изработка на облека, техничар за дизајнирање на облека, техничар за моделирање на облека и техничар за изработка на обувки, заедно со професори, предавачи на стручни предмети од текстилно-кожарската струка, како и од насоката за графички дизајн.
Впечатлив настап имаа учениците од паралелките со албански наставен јазик, кои успеале да ги усогласат моделите со наменски дизајнирани обувки- чизми кои го дополнуваа визулениот изгледа на креираните парчиња.
„Три недели работевме на реализација на моделите, бевме и на натпревар во Радовиш каде земавме второ место. Сега ревијата ја претставивме во Куманово. Многу краток временски период ни беше за да ја подготвиме целата оваа ревија, доцна не известија. Заедно со учениците од чевларската струка изработивме комплетни модели, кои веќе беа нацртани и избоени. Многу сум задоволна од реакциите на публиката“, изјави Ерзана Белули, професорка по дизајн инженеринг на облека.
Ревијата се организира по втор пат, а интерсот на публиката беше многу голем, поради што организаторите размислуваат наредната година да ја организираат во поголем простор, како спортска сала.

Опубликовано:

 

6 окт 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Bro's Using 3 Weapons
00:36
Просмотров 3,6 млн
I Did This With Coffee! 🤯☕️ #shorts
00:22
Просмотров 215 тыс.
Bright colorful neon stars flying in a black background
1:00:41
life after selective mutism
13:09
Просмотров 359
Bro's Using 3 Weapons
00:36
Просмотров 3,6 млн