Тёмный

„Уметничка одисеја“ - изложба на цртежи и слики на учениците од графички дизајн 

Kumanovo News
Подписаться 296
Просмотров 120
50% 1

Во Уметничката галерија на Музеј Куманово беше отворена изложбата „Уметничка одисеја“ со цртежи, слики и фотографии изработени од учениците од графички дизајн во економското „Перо Наков“ од Куманово.
„Уметничка одисеја“ - изложба на цртежи и слики на учениците од графички дизајн (видео)
Изложени се повеќе од 150 дела, кои се изработени на часовите, но и создадени во слободното време, а дел од изложбата имаше и продажен карактер.
Меѓу уметниците беше и Грегор Пешевски од Куманово, ученик во првата генерација која матурираше на насоката за графички дизајн во Средното општинско училиште „Перо Наков“, која беше воведена пред 5 години. Тој сега ја завршува првата година како студент на графички дизајн и мултимедија во Скопје, каде го продолжил своето образование и го надоградува своето знаење и вештините.
„Имав повеќе можности, стекнав повеќе искуство за тие четири години. Тоа беа најинтересните години во мојот живот, навистина ми се прошири креативноста, ме осамостали да бидам прав уметник како што сакам во иднина“, објаснува Грегор.
На смерот за графички дизајн се работи по истата програма по која се школуваат и средношколците од уметничкото „Лазар Личеновски“ во Скопје, и бил во целост подготвен за приемните испити, го спремиле да направи многу добро портфолио кое му помогнало да се запише на факултет, и да биде во топ студентите.
Базата која ја стекнал во текот на стручното образование, продолжува да ја проширува со студирањето.
„Проектите започнуваат во втората година, па ќе видам како ќе бидат. Досега учевме дигитални алатки, фотографија, едитирање и постпродукција, додека во средното повеќе работевме на сликање, цртање со различни материјали и техники“, истакна Грегор Пешевски.
Досега вакви изложби биле организирани во рамките на училиштето, но со зголемување на продукцијата на слики се решиле за презентација пред поголема публика. На настанот присуствуваа ученици и родители, но и љубопитни граѓани кои потенцијалот и талентот на овие деца ги воодушеви.
„Ова е начин за промоција на учениците од овој профил, можеме да покажеме колку учениците вложуваат во себе, колку нашите наставници помагаат, па така можеме и она што го работиме во текот на целата година да го презентираме пред публиката“, потенцираше директорката Мила Жибак- Димковска.
Интересот за насоката графички дизајн е многу голем, затоа и имаат доста ригорозен приемен испит, кој учениците мора да го поминат. Секогаш квотата од 25 ученици се пополнува во првиот испитен рок.

Опубликовано:

 

6 окт 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
PUBG MOBILE | Metro Royale: Fun Moments #4
00:16
Просмотров 143 тыс.
Women’s Goalkeepers + Men’s 🤯🧤
00:20
Просмотров 2,1 млн
НЮША УСПОКОИЛА КОТЯТ#cat
00:43
Просмотров 1 млн
Фори од детството 7
4:43
Просмотров 25 тыс.
PUBG MOBILE | Metro Royale: Fun Moments #4
00:16
Просмотров 143 тыс.