Добре од Кумановско Градиште може да се опише во роман. Од доброто очигледно дека само му останало името. Зашто, ништо добро освен раѓањето на децата, не му се случило. Живот без струја и вода. Без храна и пари. Живот со глад и солзи, ќе бидат причината поради која 10 годишната Ангела ќе ја натераат да го пријави нејзиното семејство во #СрцеНаДланка. Ова семејство од 7 луѓе спие во 10м2. Единствен оброк му е попара од шеќер и вода. А, вода обезбедува само доколку небото се смилува да заврне, па, така да се избањаат и да ги исперат алиштата.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
5 ноя 2022