Васка Илиева - Таму долу крај Белото море
Таму долу крај Белото море,
таму е браќа мојот роден крај,
тиран дојде нас не пропади,
па скитаме по целиот све,
ох, Македонијо,
моја земјо напатена.
Уште памтам, браќа, бежанците,
с очи тажни, срца ранети,
напуштија родно огниште,
па тргнаја земји далечни,
ох, Македонијо,
моја земјо напатена.
Уште памтам, браќа, Македонци,
Кукуш, Делчев и Бело море,
ќе го памтам пусто Еди Куле,
тоа сотре многу херои,
ох, Македонијо,
моја земјо напатена.
Дали еднаш пак ќе се вратам,
во нашиот мил роден крај,
дали еднаш сонце ќе огрее,
таму долу в Македонија,
ох, Македонијо,
моја, мила, земјо родена,
ох, Македонијо,
моја земјо напатена.
7 сен 2024