Во Центар со Васко Ефтов - Интервју со Тома Фила: Зошто не се подели Македонија? Не се договорија за Скопје!? Најпознатиот адвокат на просторот на поранешна Југославија, Тома Фила тврди дека атентатот врз Киро Глигоров го организирале луѓе од од кругот на негови блиски соработници. Тие се се уште живи вели Фила во интервјуто за емисијата Во Центар. Според Фила, кој е личен пријател и еден од главните советници на Ивица Дачиќ, почнувајќи од периодот кога Дачиќ беше премиер, подоцна министер за внатрешни и сега за надворешни работи, група експерти од Белград таа 1995 година дојдоа во Скопје за да помогнат во истрагата околу атентатот врз Глигоров и по враќањето го информирале Фила дека извршителите се од Македонија и се дел од соработниците на тогашниот Претседател на Македонија. Во интервјуто Фила зборува и за многу други работи што досега не се објавени во македонската јавност. Адвокатот Тома Фила, кој беше адвокат и на Слободан Милошевиќ, а со потекло е од Битола и беше пријател си сите големи македонски политичари во последните 50 години, тврди дека имало план за поделба на Македонија и дека тој самиот бил информиран и консултиран за некои прашања поврзани за тоа. Според Фила во тие договори освен Грција и Бугарија учествувала и Турција во времето на Сулејман Демирел. Предмет на поделба била левата страна на Македонија, односно од реката Вардар кон границата со Бугарија. Додека десната страна требала да им припадне на Албанците.
6 июн 2020