Тёмный

Вечерва ја славиме моќта на креативноста и убавината, - Јелена Кицара на нејзината прва модна ревија 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 1,2 тыс.
50% 1

Девет модели и триесетина скици и цртежи, можеа да видат посетителите на првата модна ревија на четиринаесгодишната Јелена Кицара, која викендов се одржа фоајето во Центарот за култура во Куманово.
Во колекцијата преовладува долги свечени фустани, комплети со панталони, надополнети со шапки. Моделите се изработени во во шивачко студио во Куманово во последниот месец, а креирани се и осмислени пред три години.
Моделите ги носеа другарки на Јелена, кои покажаа висока професионалност што наиде на голема поддршка и оддушевување кај посетителите. Ревија беше пријатно изнедување за кумановската публика и за младата креаторка, која кажа дека вечерва се слави моќта на креативноста и убавината.
„Додека гледам низ оваа просторија исполнета со пријатели, семејството и ентузијасти по уметност, јас сум исполнета со чувство на радост и достигнување. Вечерва не е само за прикажување на моите дизајни - тоа е за славење на моќта на креативноста, убавината на самоизразувањето и безграничниот потенцијал што лежи во секој од нас“, истакна на отварањето Јелена Кицара.
Родителите на Јелена се нејзината најголема поддршка во остварувањето на нејзините соништа.
Јелена е ученичка во осмо одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“, која е талентирана за многу дисциплини од уметноста, но практичната уметност е она што најмногу сака да го работи. Таа планира во средно училиште да се запише на насоката за моден дизајн.

Развлечения

Опубликовано:

 

12 май 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
МАРИЯ ГОЛУБКИНА О БАБУШКЕ #shorts
00:43
Они нас подслушивают😁
0:52
Просмотров 2,7 млн