Спортски поздрав, епизодата е преполна убави муабети, еве малку помош: (02:35) - Како дојде до ова? (07:00) - Проблеми на неколку трки (15:00) - Пред Валенсија, тестирање лактати (24:00) - Валенсија, “Трчам накај рајот“ (37:20) - Исхрана, тренинг, верба (45:00) - Севиља, “Спремен да умрам“ (55:40) - Ротердам, преголем залак? (01:07:00) - ASICS (01:22:00) - Искушенија (01:28:30) - Молитва (01:38:00) - Искра надеж за цела држава (01:43:00) - Слушај си го телото (01:48:10) - Допинг контроли (02:03:00) - Олимпијада
Го чекав овој подкаст, оти само вие (и Tomas Performance Podcast) можете да ја доловите и пренесете величината на овој човек и што се тој направи и прави за македонскиот спорт особено за трчањето.. Баш Искра Надеж за Цела Држава!!
Да да, само искри надеж се појавуваат и никако овај народ да собере троа акл во главите да почне да ја почитува државата, а и меѓу себе. Не е една искра, колку многу успешни приказни има од државата и пак за овај народ е се' црно и упорно бара само негативно во се' што го опкружува и никако да почне да се однесува одговорно. Секоја чест за Дарио, факт е дека е со посебни физички предиспозиции и ментален склоп кој е редок. Но, престанете веќе еднаш со тоа - искра надеж. За грев сте, ништо не ви е доволно да излезите од депресијата. А кој е искра надеж за Дарио? Еве за тебе - стани утре сабајле и немој да ги мразиш сите со кои ќе се разминиш. Почитувај, прави нешто добро. Доста со таа ваша мизерна омраза и депресија.
@@Druze_Tito Пријателе, сега ти го гледам коментаров, од каде виде во мојот коментар, или пак во самото видео, нешто барем малку поврзано со омраза и депресија!!?? Тотално спротивно од тоа, баш најпозитивно нешто е, баш и мене трчањето ме извади од депресија, ама тоа пред неколку години, и баш овој Дарио е ИСКРА НАДЕЖ за многу други што го гледаат него и почнуваат да трчат сега. И ти излези малку и види, оти очигледно не приметуваш дека во последните години трчањето направи Бум во Македонија, на патеките за трчање и шетање тешко е за разминување од толку многу трчачи што има и стари и млади.
Момци! Ама Вие го имате пред вас, од прва рака слушате , го гледате Дарио! А јас шо си плачам од дома!? А така а!? Синчето 3 години, вика тато ти "пачиш" Не бе сонце, еј слушај (брише солзи татково): А да одиме на тренинг јас и ти и да истрчаме еден цеел круг на спортскиот центар!? Можеее одговара тој. Уште едно прашање реков: Што треба за да сме силни и да растиме големи? Васил 3 години: Да јадеме, пиеме многу вода, трчаме, вежбаме учиме и спиеме. Да да, тоа сте вие тројца момци! Поклон за вас.