Фатмир Дехари е еден од најмоќните луѓе од Кичево. Тој е актуелен градоначалник на општина Кичево и функционер од кариера кој минатите две децении ги минува на разни високи државни, но и високи партиски позиции во ДУИ. Десетте години власт со Кичево се проследени со растечко незадоволство од заедницата, како и сè позачестени обвинувања за негрижа, корупција и партиско влијание врз доделувањето на јавните набавки.
Ова интервју е дел од проектот на ИРЛ „Мобилна редакција“:
Тимот на ИРЛ одлучи да интервенира во областите каде што нема медиуми или се под притисок и каде што граѓаните не можат да добијат гласност за своите проблеми во сферата на доброто владеење. За да успееме целосно да се интегрираме и да стекнеме длабинско разбирање за жителите, нивните предизвици, грижи и борби, нашиот тим пред четири години за прв пат ја пресели редакцијата во Охрид, па потоа во Крива Паланка и во 2023 година поминавме повеќе од еден месец живеејќи во Кичево каде со помош на кичевчани истражувавме локални злоупотреби кои имаат национални последици.
Читајте повеќе на: irl.mk/mobilna-redakci-a-kich...
Следете нè на социјалните мрежи:
Facebook - / irlmacedonia
Twitter - / irlmacedonia
Instagram - / irlmacedonia
RU-vid - / irlmacedonia
#МобилнаРедакција #ИРЛ
2023 © Investigative Reporting Lab
7 фев 2024