Тёмный

Формиран првиот клуб Олдтајмер Витези во Куманово 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 199
50% 1

При крајот на минатата година во Куманово е формирано првото Здружението на олдтајмер возила „Витез“, кое брои 15-тина членови и имаат регистрирано повеќе од 30 стари автомобили.
Се одлучиле на ваков чекор, откако успешно ја организирале изложбата на олтејмери која се одржа на „11 Октомври“ и предизвика голем интерес кај публиката. Тие ги повикуваат сите љубители на старите автомобили да им се придружат и да им помогнат да го заживеат клубот и да учествуваат во организација на нови настани кои ќе се одржат во тековната година.
„Со нашето здружение очекуваме да се зголеми авто-културата во нашиот град, поголемо дружење, но и разновидност за да се запознаваме со нови возила“, истакна претседателот Стефан Трендафиловиќ.
Во оваа година планирани се две изложби, едната на почетокот на јуни, а втората традиционално на 11 Октомври. И двата настани се поддржани од Општина Куманово, во годишната програма за манифестации и настани од културата. Планираат и мини, дополнителни настани, за кои самите ќе обезбедат средства, но се надеват на спонзорства од фирми кои ќе ги поддржат во активностите на клубот.
Во контакт се со сите клубови кои се регистрирани во Македонија, и имаат одлична соработка.
„Во најголема мерка, соработуваме со клубови од Скопје кои минатата година ни помогнаа да го одржиме настанот. Имаме воспоставено контакт и со клубови од Србија исто планираме да ја прошируваме соработката со повеќе клубови, од повеќе градови од Македонија“, објаснува Стефан.
Иницијаторот Стефан Трендафиловиќ има учествувано на повеќе олдтајмер изложби во Врање, Р. Србија. Поседува четири олдтајмери, сите од марката Мерцедес. Едниот е само за изложби. Одржувањето на моделите кои ги поседува тврди дека не е многу комплицирано.
И останатите членови на клубот тврдат дека трудот што го вложуваат во одржување на старите возила се исплаќа единствено кога ќе излезат со тие возила на по некоја прошетка или организиран настан за олдтајмер возила.

Развлечения

Опубликовано:

 

26 мар 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Mapping the Trump Shooting
6:12
Просмотров 13 млн
Crossing the Most Dangerous Crosswalk
00:24
Просмотров 7 млн
У тебя проблемы?
00:20
Просмотров 778 тыс.
Гафови ТВ Плус 2016 | Gafovi TV Plus 2016
8:06
I meet Mr.Beast
0:15
Просмотров 14 млн