Тёмный

Grounding exercise - Macedonian 

PANDA Perinatal Anxiety and Depression
Подписаться 182
Просмотров 6
50% 1

Преживеј и напредувај
Вежба за 'заземјување' (grounding exercise) - 'скенирање' на телото и релаксирање заради ослободување од напнатост
Ќе ве запознам со кратка вежба за телото заради ослободување од стрес, адаптирана од едноставната вежба на Пол Гилберт за 'скенирање' на телото и релаксација. Одвојте само неколку минути за да се проверите. Што и да ве довело овде, што и да ве мачи, тргнете го настрана. Само за момент. Дозволено е да го одвоите ова време за да се заземјите и да го опуштите вашето тело. Оваа вежба можете да ја правите седејќи или лежејќи.
Ајде да започнеме. Почнете да обрнувате внимание на дишењето додека вдишувате низ носот и издишувате низ устата. Полека фокусирајте се на природниот, смирувачки ритам на вашето дишење.
Сега свртете го вниманието надолу, на вашите нозе. Како ги чувствувате? Замислете како целата напнатост од вашите нозе полека се одлева од телото на подот и исчезнува. Додека вдишувате, обидете се само малку да ги затегнете мускулите на нозете. Вдишете и при издишување, опуштете ги мускулите на нозете и опуштете се. Додека вдишувате, обрнете внимание на напнатоста. Додека издишувате, ослободете се од неа и почувствувајте како вашите нозе се опуштаат.
Ајде да се движиме нагоре по телото, до рамењата. Дали ги стегате? Обидете се да ги стегнете рамењата и да ги кревате додека вдишувате. Како што издишувате, почувствувајте како мускулите на рамењата се опуштаат додека стресот го напушта вашето тело со секој здив. Додека издишувате, дозволете тој целосно да исчезне.
Сега да преминеме на врвовите од вашите прсти. Фокусирајте се на напнатоста во нив и оставете ја да излезе од телото преку рацете. Преку зголобовите, рацете, лактите, горе низ рамењата. И конечно надолу низ вашето тело на подот. Издишете и дозволете напнатоста целосно да исчезне.
Сега фокусирајте се на каква било напнатост во главата, вратот и на челото. Дозволете да се релаксираат со секој здив. Замислете како напнатоста минува низ градите, стомакот, грбот, сè надолу низ нозете и на подот.
На крај, фокусирајте се на целото тело. Секој пат кога ќе земете здив, помислете на зборовите 'опушти се'. Или, ако тоа не ви одговара, обидете се со зборот 'смирено' или 'смирувачки'. Почувствувајте како вашето тело се опушта со секое вдишување. Ајде да се фокусираме на целото ваше тело и на вашиот смирувачки
збор при неколку вдишувања.
Последна рунда.
Ајде да ја завршиме оваа вежба со неколку големи, длабоки стомачни вдишувања и истегнување. Мрдајте ги прстите на нозете. Полека истегнете ги прстите на рацете, зглобовите, рацете и рамењата. Обрнете внимание како го чувствувате телото сега,
во споредба со тоа кога започнавме. Дозволете си да бидете благодарни за вашето тело, исто како што тоа се чувствува благодарно за вниманието, добрината и грижата што штотуку му ги дадовте. Кога ќе се чувствувате подготвени да станете и да се движите, можеби ќе сакате да се напиете вода или да каснете ужинка. Запомнете дека можете да се вратите на дишењето и да го 'скенирате' телото во секое време во текот на денот или да ја повторите оваа вежба. Направете го ова онолку пати колку што ви е потребно. Ако сакате да дознаете повеќе за вежби за 'заземјување' и релаксирање што можете да ги правите дома, можете да се јавите на телефонската линија за информации на panda на 1300 726 306 за да разговарате за опциите за едноставна, ефективна самогрижа.

Опубликовано:

 

23 мар 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии    
Далее
Grounding exercise - Nepali
8:02
Просмотров 16
Reach Out Early
9:59
Просмотров 396
I wish I could change THIS fast! 🤣
00:33
Просмотров 5 млн
Grounding exercise - Italian
7:53
Просмотров 19
Grounding exercise -- Assyrian
7:04
Просмотров 24
Chakra Meditation  - Alle 7 Chakren öffnen
35:08
Просмотров 2,7 млн
#project_gabriel_video_2_2019
11:53
Просмотров 183