#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
Стое додека бил млад и способен работел приватно и заработувал. Работела и сопругата. За жал, само синот поради премалата тежина никогаш нема да успее да се вработи за да му помогне на семејството. Или, ако успее некаде да се вработи тоа било краткотрајно, на ден или два, бидејќи не може да одговори на обврската. Ден по ден, ова семејство пропаѓа. Беспарицата си го прави своето, а, тие во 21 век живеат во абнормални услови, гладни и несоодветно избањати.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
Ружица е родена во Росоман, а, пребрзата одлука на мајка и да ја омажи на само 14 години не само што ќе и го скрати детството, туку веројатно ќе и го упропасти и животот подоцна. После 7 години првиот сопруг ја остава одземајќи и ги трите деца, а, овојпат таа носи погрешна одлука со човек кој како што таа вели - ќе и го дозагорчи животот. Станува жртва на семејно насилство, ќе биде бркана на улица со децата, се додека еден ден не биде принудена за да може да опстане, да им каже збогум на најмилите и да ги остави во Дом за сирачиња.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
10 дек 2022