Тёмный

Srce na Dlanka s.3 ep.12 

REVOLUTION PRODUCTION
Подписаться 4 тыс.
Просмотров 8 тыс.
50% 1

Драги Фимков е 60 годишен човек кој доживеал многу разочарувања во животот. Иако, потекнува од село Ќоселери, сепак, последните 20 години живее во социјална барака во Свети Николе. Не затоа што сакал да ја напушти земјата од татка си, туку затоа што тој станал татко на две деца со посебни потреби, па, со сопругата сметале дека подобри услови за социјализација и развој на децата ќе имаат ако се спуштат во градот. Никогаш не се пожалил на Бога што имал таква среќа,но никако не може и да се помири со фактот што пред 10 години останува без работа и оттогаш наваму место тој да биде потпора на невините деца, семејството се прехранува од минималната плата на 30 годишниот Ѓорѓи. Тоа им е единствениот приход дома, а, издатоците се огромни.Повеќе од 5000 даваат само за лекови. На сета несреќа и сопругата запаѓа во постела и Драги е врзан 24 часа дома. Не смее да ја остави ниту половина час сама зашто не е способна ни до тоалет да отиде сама. Со три болни члена дома Драги нема никакаква основа за среќа. И, сите пари на светот да ги има тој утрешната среќа не може да ја купи. Зашто здравјето ниту со пари не може да се осигура.Го боли фактот што никој не прашал како е и како го минува денот и да има можност кнедлата во грло да ја преточи во солзи овој човек би плачел три дни и три ноќи без престан.Сепак, најмногу боли неизвесноста зашто не знае кому овие деца ќе ги остави со вакво нестабилно здравје и иднина.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️
Семејство е место каде животот почнува, а, љубовта никогаш не завршува. За жал 60 годишната.Туркан од Скопје го памети местото каде и започнал животот, но, сака да ја заборави суровата сегашност, во која како што вели таа- е изневерена и протерана од најблиските. Пораснала во населбата Топанско Поле во Скопје, во семејство од двајца родители, три сестри од кои таа е најмала и еден брат. Татка си го губи одамна, пред неколку децении. Братот се жени и повеќе не знае ништо за него. Постарата сестра се мажи и преселува во Тетово. Најмалата сестра среќата неколку децении ја наоѓа во Германија. Останува таа со мајка си во станот во кој го минала и детството. Бидејќи била во работен однос, а, најмалата сестра се враќа од Германија како разведена, мајка и пред смртта одлучува да го подари станот на средната сестра, под услов ако затреба таа секогаш да биде поддршка на другите две сестри. Минуваат години. Подарениот стан е продаден и местото на живеење заменето со стан во Тетово. Но, нетрпеливоста расте, а, растат и проблемите помеѓу Туркан и средната сестра. Таа вели дека конфликтот добива димензија и на семејно насилство. Па, еден ден оваа жена завршува на улица. До денес, по низа перипетии низ социјалните установи Туркан е прифатена во шелтер центар кој наскоро ќе биде затворен, а таа повторно вратена на улица. Затоа, таа мораше да го стави срцето на дланка и да се моли или мајка им да им дојде на сон на сестрите и да ги праша што прават со неа или некој хуман човек да се смилува и да ја прибере да не измрзне на улица.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️

Кино

Опубликовано:

 

24 дек 2022

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 5   
@viktorijadespodova
@viktorijadespodova Год назад
Издржи чичко Драги ние сме со тебе🥰😇
@MacedonianGrace
@MacedonianGrace Год назад
Thanks
@MacedonianGrace
@MacedonianGrace Год назад
Поздрав и благодарам за вашата активност ако може средствата да ги достигнат луѓето со потреби.Благодарам.
@danielaboskovic1602
@danielaboskovic1602 Год назад
😢😢😢зборот Божји сме го заборавиле. 😥😥😥
Далее
SRCE NA DLANKA s3 Ep.15
45:46
Просмотров 10 тыс.
Страгово Македонија 2024
4:29
Просмотров 6 тыс.
Stoe SRCE na DLANKA
19:38
Просмотров 3,8 тыс.
Srce na Dlanka S 3 Ep 24
53:50
Просмотров 12 тыс.
Srce na Dlanka S3 ep.8
52:15
Просмотров 7 тыс.
Кого она вытащила из воды?😱
0:51
тгк: ПРОСТО МОСТАК
0:11
Просмотров 1,2 млн