Новко Младеновски живее живот во темнина. Го губи видот пред 17 години, иако и пред тоа живеел мачно. Во Старо Нагоричане создава семејество, но поради оддалеченоста од градот, a со надеж дека ќе има барем малку полесен живот, пред неколку години се сели во Горно Којнаре. Тука живее под кирија, па од социјалната помош и мобилноста мора покрај другото да мисли и како ќе ги подмири тие обврски. Сите пет деца му се со ментална попреченост и слабовидни.
Најголемата Ангелина и покрај тоа се грижи за нив. Сопругата му е тешко болна и немоќна, a помалите две деца мораат да се навикнат на ваквата сиромаштија и да се молат во најблиската продавница за кифла за да го поминат денот на училиште. Дрва за зимата Новко сеуште нема обезбедено, но искрено се надева дека ќе добие помош од хуманиот народ и ќе обезбеди сигурен кров за поколението. А, потоа вели тој, кога сака Бог нека ме земе..
Оливера Митевска е родена и живее во Скопје. Иако, со многу турбуленции, падови и подеми,успева со поранешниот сопруг да создадат дом и семејство од 2 деца. Александар и Лина. Денес,момчето има 19, а Лина 12 години. Никогаш, ќе рече Оливера не сум дозволила да им фали на моите деца. Сум спиела и по подруми само да го изградам овој дом. Но, пред неколку години,откако нејзиниот сопруг заминал во Германија се испишува поразлична историја во нивниот животен дневник. Започнува да владее недоверба, семејно насилство кое се случува пред очите на децата, кое освен трауми кај сите ќе резултира и со развод помеѓу нив двајца. Тешко минале годините од пандемијата, зошто, поради тоа што Оливера е готвач беа затворени сите ресторани и останала без работа. Па, тие три години морала да се симне неколку скалила подолу и да моли социјални служби за храна. А, најтешкиот удар го добива пред еден месец, кога како што вели таа,сопругот ја препишува куќата на мајка му, па после разводот по наредба од неа, и ја исклучиле
струјата. Денес, ова семејство живее во темнина,премрзнато и разочарано и моли за помош да се снајде макар зимава, додека не го изгубиле сосема здравјето.
19 ноя 2022