Тёмный

Куманово ќе постави камери на јавни површини за да го спречи вандализмот, по примерот на Кавадарци 

Kumanovo News
Подписаться 278
Просмотров 490
50% 1

Уништувањето на јавното добро е проблем со кој Куманово се соочува со години. На удар најчесто е урбаната опрема во парковите, детските и спортски игралишта. Само лани имало пет големи уништувања: двапати на Градскиот кеј, во паркот Соколана, Градскиот парк и на спортските терени на Спомен-костурницата.
Вандалите уништуваат клупи, кантички за отпадоци, спортска и детска опрема, канделабри, контејнери, а кршат и крадат дрвца, електрични кабли и бекатон плочки.
Кумановци со години бараат надлежните институции, пред сè, Општината и МВР, кои се одговорни за јавниот имот, редот и безбедноста во градот, да преземат сериозни мерки и да се коoрдинираат за да го спречат дивеењето на поединци. Тие велат дека секојдневно се сведоци како тинејџери, кои треба да се иднината на ова општество, безмилосно го уништуваат јавниот имот и за тоа не одговараат.
„Јас секој ден шетам овде. Имаше поставено осветлување и клупи, парк за кучиња, детски играчки. За еден месец сè беше скршено и уништено. Иста е состојбата на Спомен-костурницата каде што се игралиштето, лулашките и клацкалките за деца. Тоа не го прават деца од 10 години, тоа се поголеми млади луѓе кои треба свесно да размислуваат за своите постапки. Во минатото, кога јас бев дете, незамисливо беше да се скрши дрво или садница, или да се направи штета на клупите. Денеска отсуството на домашното воспитување и лошото образование си го направат своето. Но нема ни закон, полицијата не е како што беше некогаш, секој прави што сака без никакви последици, и еве до каде дојдовме“, вели Драган Ѓорѓиевски, кого го сретнавме во Градскиот парк, кај Автобуската станица во Куманово.
За набавка на урбаната опрема во градот е задолжена Општина Куманово, а за нејзино одржување ЈП „Чистота и зеленило“. Директорот Даниел Стојчевски вели дека секоја година, некогаш и неколкупати годишно, поставува нова опрема на исти места која, за жал, не можат да ја заштитат од насилниците.
„Вандализмите редовно се пријавуваат во полиција, меѓутоа сторителите никогаш не се откриени и казнети. Неодамна се појавија снимки на социјалните мрежи од уништување на опремата на градскиот плоштад, но и во тој случај немаме информација до каде е истрагата. Како јавно претпријатие бараме да се постават камери, за да се спречат или да се откријат сторителите на таквите дела. Само така можеме да ставиме крај на оваа негативна појава“, вели Стојчевски.
Кавадарци е единствена општина во државата која што има поставено видеонадзор. Пред 5 години инсталирала 300 камери на јавни места кои го покриваат целиот град, а резултатите од оваа мерка се импресивни, според кажување на Општината.
Општина Кавадарци во 2019, согласно важечката законска регулатива, изврши обележување со известување за вршење на видеонадзор на сите локации каде се поставени камерите во рамките на повикувачкиот центар.
„Известувањето е јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти да се запознаат со вршење на видеонадзорот. Известувањето ги содржи следниве информации: дека се врши видеонадзор, за името односно називот на контролорот (одговорното лице) кое го врши надзорот, како и за начинот на кој може да се добијат информации. На овој начин исполнувајќи ја законската обврска, општината ги информира граѓаните и учесниците во сообраќајот за постоењето на видеонадзорот на градските улици. Видеонадзорот го поставува исклучиво во функција за заштита на зелени површини, за заштита на урбаната опрема, заштита на пешачки патеки, сообраќајни знаци, семафори, заштита од диви депонии и се што е пропишано во законот. Овој систем функционира во согласност со законите“, објави во 2019 Општина Кавадарци кога го постави системот за видeонадзор.
„Општиот криминал во Кавадарци е опаднат за 100 проценти откако се поставени 300 безбедносни камери низ градот. Второ, криминалот од сторители од други градови е опаднат за над 80 отсто. Тука спаѓаат пред сè провалните кражби по станови, куќи, коли, викендички и друг вид криминалитет. Натаму, ефикасноста во откривањето на кривичните дела со помош на поставените камери е зголемена од 30 отсто пред поставувањето, на сегашни 75 отсто“, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во чиј мандат е инсталиран системот со безбедносни камери во градот.
Тој додава дека со помош на „Сејф сити Кавадарци“ прекршоците од судир на возила во сообраќајки се 100 проценти расчистени.
Инсталиран е и кол-центар со број 13-300 без префикс, на кој може да се пријават од пожари и кражби, преку проблеми во општината, до проблеми со улично освентлување, кражби и потежок криминал.
„Сите пријави се евидентираат и потоа надлежни лица ги препраќаат по МВР, Општина, Пожарна, и така натаму“, вели градоначалникот Јанчев.
Општинските власти во Куманово засега немаат начин како да им застанат на патот на вандалите, а апелите за одговорно и домаќинско однесување не даваат резултати.

Развлечения

Опубликовано:

 

3 апр 2024

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 1   
@user-vb1ed8uu3d
@user-vb1ed8uu3d 3 месяца назад
Svesta na covekot treba da preovladu a ,a ne kameri da se postavat
Далее
ЖВАЧКИ!!!
0:47
Просмотров 3,1 млн
БАБУШКИН КОМПОТ В СОЛО
0:19
Просмотров 1,9 млн