„ Имав голема поддршка од сопругот да продолжам со факултетот, исто и од моите родители, а од блиските, пријателите,па во ниеден момент не се поколебав. Одев бремена на предавања, полагав, се породив и продолжив да студирам. Кога синот Адам имаше само две недели првпат го однесов на факултет. Сопругот и ќерките ме чекаа со бебето во кола, додека јас бев на предавања. На паузите доаѓав да го подојам, а со мене и моите колешки да го видат. Така беше се додека не порасна доволно за да можам да го оставам дома“, раскажува за необичните студентски денови нашата соговорничка.
4 июл 2024