Тёмный

Srce na dlanka S3 ep 6  

REVOLUTION PRODUCTION
Подписаться 4 тыс.
Просмотров 7 тыс.
50% 1

Индира Пасинечка сиот живот ќе биде принудена да биде жена борец. Долги години се бори за љубовта со нејзининиот сакан Жарко поради различната вера меѓу двајцата нив. А, кога докажува дека љубовта е најсилна, им се раѓаат три деца кои уште повеќе ќе ја зајакнат нивната љубов. Многу слога, радост, смеа и разбирање ќе ги бојат деновите на ова среќно семејство. Но, очигледно дека Господ ќе одлучи да даде понаков тек на нивните животи. Па, на 23 октомври оваа година, додека Индира е на работа и ништо не насетува, пламен ќе изгори се што е вредно за неа. И го гори животот, и ја гори куќата, и го гори најмилиот за на крај да и ја изгори и душата. Една недела после страшниот пожар Индира засекогаш го губи сопругот Жарко, како резултат на вдишениот чад од кобниот ден. Куќата е изгорена до темел. Да може да го врати вели таа, би спиела и под отворено небо. Но, децата се мали, па, мора за нив да најде некакво решение зашто во моментов е сместена кај роднина. Денес, таа не е ни свесна како ќе продолжи понатаму да живее без него. Единствен спас е да им се помогне да изградат скромен кров, за да не бидат терет никому и полека да се надеваат дека времето ќе ги залечи нивните преболни рани во срцето.
Златко Трајковски од Мартолци животот го принудил на луѓето да им верува со своето срце, дури и по цена тоа да му биде скршено. Зашто од бебе го губи видот и принуден е во темнина да го помине и така тешкиот живот. Во специјално училиште во Скопје го завршува своето образование,каде се запознава со жената со која до оваа година ќе го дели животот. Неговата Блага ќе му подари син и иако и таа болна, ќе му го заблажи барем неколку години и така горкиот и макотрпен живот на Златко. За жал пред неколку месеци таа го напушта и го остава сам да се бори со сиромаштијата. Со нејзината смрт се гаси светлото во неговиот темен неосветлен тунел. Денес Златко живее со минимални средства од социјалната помош. Не е во состојба сам да обезбеди храна и дрва. Нема електричен шпорет. Оброкот што низ неделата го добива е мал и недоволен за да се нахрани. Му помага една сосетка која понекогаш го дели последниот залак со него. Поради сиромаштијата тој откако започна студениот период не запалил оган за да се стопли. Куќата е стара и очигледно дека последната шајка во неа ја удрил таткото на Златко кога бил жив. Сепак храна и дрва ќе бидат доволни за него ќе рече овој прескромен човек, за да може да ја мине и преживее престојаната зима.
#СрцеНаДланка#АлфаТв.
#НашетоМалкуНекомуМожеДаЗначиСе♥️

Развлечения

Опубликовано:

 

12 ноя 2022

Поделиться:

Ссылка:

Скачать:

Готовим ссылку...

Добавить в:

Мой плейлист
Посмотреть позже
Комментарии : 2   
@sturoboskoski5480
@sturoboskoski5480 Год назад
Covekov ima brat bogatas so firma ne go poglednuva bruka sram do shto dojdovme kakov narod sme nie ej
@STIPSKI1234
@STIPSKI1234 Год назад
Kakov e toj komsiii da ne dade crevo so voda za da se izkasne kukata i zarko Cccc strasno air da ne vidat....
Далее
Srce na Dlanka S3 ep.7
48:40
Просмотров 12 тыс.
Srce na Dlanka S3 Ep.20
52:20
Просмотров 16 тыс.
Elden Ring DLC - ПОДОЖГЛО ПОПУ!
07:26
Просмотров 446 тыс.
Crossing the Most Dangerous Crosswalk
00:24
Просмотров 8 млн
Stoe SRCE na DLANKA
19:38
Просмотров 3,8 тыс.
Srce na Dlanka S3 Ep.38
53:50
Просмотров 6 тыс.
Srce na Dlanka S 3 Ep 24
53:50
Просмотров 12 тыс.
Srce na Dlanka s3 ep 27
1:04:43
Просмотров 6 тыс.
Детство злой тётки 😂 #shorts
0:31